Долгот мора да се плати

Лисица: Велат дека најголем проблем што го имаат комуналните претпријатија во Македонија е наплатата на долговите. Каква е политиката на ЈКП Дервен за ова прашање?

ЈКП Дервен: ЈКП Дервен со секоја доставена фактура за комунални услуги наведува и износот за заостанат долг ако таков износ постои. Доколку долгот не се исплати, до корисникот се доставуваат ткн. црвени сметки како опомена за неплатен долг. Доколку и по доставувањето на опомената долгот не се исплати, согласно Законот за водоснабдување, следува исклучување од водоводна мрежа. Иако законот предвидува исклучување на корисниците и за две неплатени сметки, во практика не го правиме тоа. Никогаш не сме исклучиле некого за неплатени две, три или четири сметки. Напротив, ако долгот е поголем, настојуваме да се склучуваат договори за плаќање на рати, заверени на нотар. ЈКП Дервен ги исклучува должниците од водоводната мрежа само кога нема друг избор.

Лисица: Дали ЈКП Дервен има можност да ослободи дел од граѓаните , на пример семејствата што примаат социјална помош, од плаќање на сметките за комунални услуги?

ЈКП Дервен: ЈКП Дервен нема таква законска можност. Напротив, претпријатието има законска обврска да наплаќа за комуналните услуги што ги извршува. Од друга страна, ние мораме да ја одржиме нашата ликвидност и да наплатиме за тоа што сме го произвеле и испорачале. Добрата наплата значи и стабилно претпријатие без долгови спрема доверителите, можност за инвестиции во разните сектори од комунални услуги и со краен резултат - подобри услуги за граѓаните. Доколку наплатата е лоша, претпријатието нема да биде во можност да инвестира во реконструкции на застарени линии, нема да биде во можност да одржува нови водоводни и канализациони линии, нема да има средства да купува материјал, алат, машини и теренски возила... накратко, нема да има со што да работи. Целта на наплатата не е да се оствари профит. Јавните комунални претпријатија не работат за профит. Целта на наплатата е да се обезбедат доволно средства за покривање на трошоците за материјалите и работењето и одреден дел средства да се вложат во инвестиции.  

Со други зборови, доколку неколкумина не плаќаат за комунални сметки, тоа се одразува на сите останати, па излегува дека сите останати плаќаат за оние што одбиваат да го сторат тоа. 

Лисица: Деновиве ЈКП Дервен објави известување по сите јавни медиуми со препорака до граѓаните да ги исплатат заостанатите долгови за да ги избегнат дополнителите високи трошоци што ги повлекува утужувањето. За што попрецизно станува збор?

ЈКП Дервен: Согласно најновите измени во Законот за парнична постапка и Законот за извршување, на корисниците кои ги немаат подмирено долговите ќе им биде извршено утужување преку нотар, и доколку истото не се плати во рок од 8 дена, ќе биде спроведена наплата на долговите преку приватен извршител.  

Лисица: Колку изнесуваат дополнителните трошоци што законот ги наложува?

ЈКП Дервен: Покрај главниот долг што треба да се плати, странката ќе треба да плати и пресметана камата за задоцнето плаќање, трошоци за нотар во износ од 1.000 денари, и доколку долгот стигне до приватен извршител - трошоци за ангажман на приватен извршител во износ од околу 6.000 денари.

Ова беше главната причина за препораката што претпријатието им ја испрати на граѓаните преку јавните медиуми деновиве - со редовно плаќање да ги избегнат дополнителните трошоци што законот ги наложува. Значи, во интерес на граѓаните е да ги платат заостанатите долгови пред да добијат налог за извршување на наплатата преку приватен извршител. Така ќе ги избегнат дополнителните трошоци за оваа постапка.

15/01/2012 22:25
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Состојбите во Македонија... Државата денeс и во иднина видена од еден од потомците на големиот Ченто
Јане Ченто, дипломиран правник, студент на мастер студии на политички науки за www.lisica.mk вели, десницата се окрупнува во ВМРО ДПМНЕ, партија која ќе извојува победа и на локалните избори во 2013 година.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.07][20]