![]() Ѓуровски: Програмата за спорт е доставена навреме
„Еве ја програмата. Како што гледате во левиот горен агол има штембил со архивски број. Јас тоа не можам сам да го напишам. Значи јасно е дека ова е доставено нарвеме", вели Зоран Ѓуровски претседател на Сојузот на спотрови. Од Сојузот на спортови ги негираат и обвинувањата дека програмата не била квалитетна, туку напротив таа е иста, дури и малку пообемна од минатогодишната која Советот речиси во целост ја прифати. „Овогодинешната програма ги содржи сите оние настани и манифестации како и лани. Дури оваа е пообемна. Како лани чинеше сега не чини", вели Ѓуровски. Кога е спортот во прашање, Гуровски не сака да ја меша политиката. Затоа и не ги коментира шпекулациите дека програмата за спорт е колатерална штета ,затоа што тој не е дел од владејачката партија. Денеска им порача на неговите неистомисленици, сите нерешени прашања лично да ги решаваат со постапки упатени кон него, а не преку спортистите. 04/11/2011 15:40
Од Сојузот на спортови за 2011 бевме прогласени за втор најуспешен спортски клуб во градот
Пигментација на кожата
Знаете ли што е тоа Е-ОТПАД![]() |