![]() Затворени нотарите во Кавадарци.
Кавадаречките нотари тврдат дека пломба заработиле само тие иако без фискални апарати работат сите нивни колеги во државата. Велат дека инспекторите постапиле рестриктивно бидејќи во ист ден им издале решенија за забрана за работа и им ги пломбирале канцелариите каде останале документи на стотици кавадарчани кои секојдневно им реагираат. „Готови договори имам кои граѓаните сакаат да си ги легализираат во случајов јас неможам да им ги дадам затоа што канцеларијата е пломбирана", вели нотарката Благица Иванова. Фискализацијата на нотарските канцеларии е непотребна, велат кавадаречките нотари. Според нив, УЈП и без фискални сметки секојдневно може да ги контролира преку печатот што тие го ставаат на секој документ и кој содржи податоци за наплатената нотарска награда и таксените марки. Во изминатите седум дена потребата од нотар кавадарчани ја решаваат со секојдневни патувања во Неготино. „Тука треба да има нотари а не во Неготино" „Би требало кај нотар да одиме тука во Кавадарци а не да бараме услуги од неготинските нотари", велат граѓаните. Наспроти ваквите реакции на граѓаните и нотарите, од Министерството за финансии велат дека иако се јавни установи законот за фискализација важи и за нотарите. Според портпаролот Мартин Мартиновски обврската произлегува од фактот што и нотарите вршат готовински промет што мора да се фискализира. 28/10/2008
Од Сојузот на спортови за 2011 бевме прогласени за втор најуспешен спортски клуб во градот
Пигментација на кожата
Знаете ли што е тоа Е-ОТПАД![]() |