Користењето на антидепресиви и други апчиња за смирувања во Босна и Херцеговина (БиХ) е во постојан подем, што, како се проценува, се должи на се потешката состојба во државата, пишува весникот „Дневен аваз".
Агенцијата за лекови и медицински препарати на БиХ објави дека лани биле издадени антидепресиви во износ од околу пет милиони евра, за нешто малку помала сума издадени се анксиолитици, додека седативи биле продадени во вредност од 850 илјади евра.
Според ова, граѓаните на БиХ во текот на 2010 година потрошиле над десет милиони евра за лекови кои лечат несоница, депресија и други психички пореметувања, што во просек изнесува 70 евра годишно по жител.
Особено загрижувачки е податокот што само пред две години за ваквите лекови била потрошена тројно помала сума пари.
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.