![]() Дивоградбите во општина Чашка се легализираат
„Сопствениците на дивоградби во последниве денови масовно доставуваат барања се со цел да го спазат рокот. Работиме со продолжено работно време. Најголем проблем ни е оддалеченоста на објектите што треба да ги легализираме", вели Билјана Донева, член на комисијата за легализирање на дивоградбите. Најголем број од бесправно изградените објекти во општина Чашка се викендици изградени во Горно Врановци, Богомила, во близина на браната на ХС „Лисиче" и селата Мокрени, Поменово, Папрадиште како и објекти во Населбата Чашка, Извор и на патот кај селото Стари Град. „Одлуката на Владата за едено евро од метар квадратен да си ги легализираме објектите е за поздравување. Сега со право можам да кажам дека објектот е мој .Изградив викендица во родното село на татко ми. Јас живеам во Скопје. Преку цело лето или јас со сопругата или пак децата постојано се тука во овој за мене најчист предел на Македонија", вели Петре Јованов, сопственик на викендица во селото Поменово. Тричлената комисија составена од градежен инженер, архитект и правник со цел да ги задоволат барањата на сопствениците на бесправно изградените објекти, нема да користат годишен одмор. Очекуваат до крајот на месецов, кога е и краен рок, да бидат поднесени уште 220 барања. Од комисијата велат дека во текот на оваа и наредната седмица решенија за легализирани објекти ќе добијат уште триесетина сопственици. 16/08/2011 16:47
Од Сојузот на спортови за 2011 бевме прогласени за втор најуспешен спортски клуб во градот
Пигментација на кожата
Знаете ли што е тоа Е-ОТПАД![]() |