Грозјето го предадоa, пари сеуште незедоа.

Неколку десетици лозаропрозводители од неготинскиот регион протестираа пред откупниот пункт во село Корешница,барајќи ги парите за предаденото грозје од годинашната реколта. 

Земјоделците се жалат дека парите им се повеќе од неопходни зашто има фамилии кои живеат исклучиво од производството на грозје, а нервозата кај нив е уште поголема затоа што до крајот на месецот истекува рокот за поднесување на документи за добивање два денари субвенција од државата за килограм  предаденото грозје.

Револтираните лозари, побараа интервенција од Владата, за која како што велат на почетокот на бербата им сугерирала грозјето да го предаваат во домашните винарии.

Од фирмата која посредувала при откупот на грозјето Петров Компани,велат дека не бегаат од одговорноста кон лозарите но и проблемот кој го имаат во комуникацијата со менаџерскиот тим на визбата. 

Ацо Бојков од Петров компани вели дека, добил ветување од кумановската визба дека грозјето ќе биде исплатено до десети овој месец,но како што вели тој, веќе поминал и тој датум а тие сеуште не добиле пари.

Од винарската визба Кокино од Куманово тврдат дека фирмата Петров компани требало да им го достави списокот на лозари на кои им должат, претходно заверен на нотар,и врз основа на тој список  би ги исплатиле лозарите,но од таму сеуште не добиле ништо. 

Наспроти ова пак, тврдењата на  фирмата Петров се дека целата документација со фактури,испратници и потврди од лозарите уште пред еден  месец била доставена до Визбата Кокино. 

Лозарите се закануваат,  ако во најкраток рок не ги добијат парите, ќе преземат порадикални мерки.

17/10/2008
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Од Сојузот на спортови за 2011 бевме прогласени за втор најуспешен спортски клуб во градот
Валентин Тошев:Ендуро трките само по себе се тест на издржливост на моторциклот и возачот.(Видео)
Lisica.mk Од наш агол Пигментација на кожата
Појавата на темните флеки (хиперпигментација на лице) најчесто е последица на т.н. MELAZMA која се јавува на челото, образите, брадата и горната усна.
Колумна Колумна
Не навредувај ја верата на луѓето За жал, последните десетина дена Македонија, бар онаа онлајн, беше сведок на еден тон оркестрирани, подбуцнати, испровоцирани и наменски провокации, навреди и омаловажувања кон сите припадници на православната вера и МПЦ-ОА.
Знаете ли што е тоа Е-ОТПАД

да

не

не ме интересира

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.12][11]