Три песни, снимени од Ејми Вајнхаус пред нејзината смрт, може да бидат искористени во саундтракот на следниот филм за британскиот суперагент, Џејмс Бонд.
Вајнхаус, 27-годишната пејачка, која минатата сабота беше пронајдена мртва во својот дом во Лондон, тајно запишала три парчиња, со надеж дека тие можат да се користат во следниот филм за британскиот разузнавачки агент.
„Сакаме по добар начин да ја запомнат Ејми, таа да остане позната со талентот, а не со зависноста кон дрогата", изјави извор за британскиот весник „Дејли стар".
Тој додаде дека можноста една од нејзините песни да се користи во филмот би бил совршен спомен за неа. Песните навистина се наоѓаат во работна верзија, но Ејми го овечовечи записот со нејзиниот и имаше гитара и тапани како позадина.
Нема да е потребно многу за да може овие изведби да се претворат во завршен производ, додаде изворот.
Портпаролот на Ејми, Крис Гудман рече дека има „многу" материјал, но се уште официјално не било разговарано за издавање на песните.
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.