![]() Министерот Јанакиевски со ветување ќе се санира патот кој води до ски центарот Кожув.
„ Патот за надоле од Мушов гроб е убав, до конопиште на ваму е катастрофален, не чини за ништо полн е дупки, тесен е тешко понего се одвива сообраќај", велат жителите. Поранешниот претседател на Советот на Конопиште Трајко Тасев вели дека додека биле општина асфалтирале 50 км локални и 11 регионални патишта и воделе грижа за инфраструктурата. Тие го пробиле и патот до граничниот премин Пулево и ски центарот Кожув, сега нема кој да ги одржува изградените патишта и регионот умира. Жителите од овој регион за проблемот со патот писмено реагирале и до Кавадаречкиот совет. „ Луѓето реагираат има и писмено барање од страна на тој дел.Ќе го очекуваме одговорот на ова прашање од ресорниот министер. Општо кажано овој дел е еден од најзапустените може да не претерам и сигурно во државата", вели Мишо Митрев, член на Советот на општина Кавадарци. Министерот Јанакиевски, во Кавадарци изјави дека за проблемот разговарал со месното население, и во соработка со агенцијата за патишта наскоро ќе изготват проект за рехабилитација. „Очекуваме проектот да биде готов некаде за три месеци, потоа заедно со компаниите бидејќи и тие се согласија да учествуваат во рехабилитацијата на патот да ја затвориме финансиската конструкција и очекуваме некаде средината на наредната година да почнеме 20 км пат кој многу значи пред се за индустрискиот развој на тој дел од регионот за Кавадарци", вели министерот Миле Јанакиевски. Жителите на поткожувските села велат дека, ако наскоро не се интервенира ќе го блокираат патот а барање за враќање на статусот на општина Конопиште ќе достават до Парламентот . 05/10/2008
Од Сојузот на спортови за 2011 бевме прогласени за втор најуспешен спортски клуб во градот
Пигментација на кожата
Знаете ли што е тоа Е-ОТПАД![]() |