![]() Масакар на ореовите дрва во велешко.
Фирмата „Сицилија" од струмичкото село Мокрино, од сопствениците на ореовите дрва откупила над 500 метри кубни квалитетно дрво, кое целосно го пласира на пазарот во Италија. Откупната цена на кубик ореово дрво се движи од 2.500 до 15.000 денари. Доколку дрвото е со дебелина од 25 сантиметри, кубикот чини 2.500 денари, ако тоа има пречник од 30 сантиметри кубикот чини 9.000 денари и со пречник од 50 сантиметри неговата цена е 15.000 денари. Според Славче Димевски, претставник на фирмата моментално масовно се сечат ореовите дрва во селото Раштани. Во текот на наредниот месец, доколку дозволат временските прилики ќе бидат исечени и ореовите дрва кај селата Дреново и Долно и Горно Јаболчиште. Пред сечата сопствениците на ореовите дрва вадат дозвола од подрачната единица на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ореовото дрво се откупува поради неговиот висок квалитет од кое во Италија се произведуваат најскапите и најексклузивните парчиња намештај. За само две години оваа струмичка фирма откупи и на италијанскиот пазар пласираше три илјади метри кубни ореово дрво. 05/10/2008
Од Сојузот на спортови за 2011 бевме прогласени за втор најуспешен спортски клуб во градот
Пигментација на кожата
Знаете ли што е тоа Е-ОТПАД![]() |