Вкупно 1.821.122 граѓани во Република Македонија и вкупно 7.258 во странство ќе имаат право на глас на претстојните предвремени парламентарни избори, соопшти денеска претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Борис Кондарко.
Според податоците што ги соопшти Кондарко, право на глас во Изборната единица бр. 1 имаат 302.864, во втората изборна единица - 312.720, во третата - 291.140, во четвртата - 292.596, во петата - 303.686 и во шестата изборна единица се регистрирани 318.116 гласачи.
На ова членот, на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими имаше приговор дека постои голема разлика во бројот на избирачи, ан пример, меѓу изборните единици четири и шест, односно бројот регистрирани гласачи се разликува за околу 26 илјади. Ибраими додаде дека со тоа еден пратенички мандат не добива иста или приближна „тежина" на гласовите.
Претседателот на Комисијата, Кондарко на ова рече дека тие се придржувале согласно законот, како што дополни, каков што е.
Во однос на избирачите во странство, според конечните податоци, во Европа за гласање се пријавиле 4.653, во Америка и Канада има пријавено вкупно 1.832 избирачи а во избирачката единица девет - којашто ги опфаќа избирачите во Австралија, право на глас имаат 773 лица.
Copyright 2011 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.