![]() Кавадарци за осум месеци добил 422 нови житли.
Последните статистички податоци покажуваат дека околу 60 % од вкупниот број на општини имаат стапка на природен прираст од 2,1%. На оваа листа се наоѓа и Кавадарци каде според податоците од Матичната служба Кавадарци, минатата година се родиле 594 новороденчиња, а годинава по првите девет месеци на свет дошле 422 новороденчиња. На листата градови каде прирастот е под 2,1 се и Битола, Прилеп, Градско, Демир Капија, Неготино, Штип, Свети Николе и уште многу други оштини. Со цел да се запре ваквиот негативен тренд, Владата воведе стимулативни мерки за пораст на бројот на новородени деца преку финансиска помош-родителски додаток за второ, трето и четврто дете. Финансиската помош ќе се исплаќа од 1 јануари наредната година и тоа во висина од 5.000 денари во времтраење од 9 месеци за второ дете или 30% од просечната плата, 8250 денари во времетраење од 10 години за трето дете и 11.550 денари во времетраење од 15 години за четврто дете. Во случај мајката да роди четврто дете додека го остварува родителскиот додаток за трето дете, ќе остварува единствен родителски додаток месечно во висина од 16.500 денари, односно една просечна плата во земјава која се очекува по претстојното октомвриско зголемување на платите во јавниот сектор. Родителскиот додаток ќе го остваруваат мајки, а во исклучителни ситуации татко или старател, кои најмалку три години живеат во општините со стапка на природен прираст на населението под 2,1. 05/10/2008
Од Сојузот на спортови за 2011 бевме прогласени за втор најуспешен спортски клуб во градот
Пигментација на кожата
Знаете ли што е тоа Е-ОТПАД![]() |