Учеството на неисправните трактори во сообраќајот се една од главните причини за зачестените сообраќајни незгоди во Тиквешијат

Eдна од главните причини за позачестените сообраќајни незгоди во Тиквешијата е учеството во сообраќајот на неисправните моторни возила односно тракторите.

Во екот на бербата на грозје, и задржувањето на лозовите плантажи до доцните часови, сопствениците на тракторите како да подзаборавија на исправгноста на своите возила.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при полициската станица Кавадарци, апелираат дека без оглед на се мора да се почитуваат законските правила и прописи.

Од таму велат дека освен што овие возила се управуваат не регистрирани , голем број од нив низ улиците се движат и без светлосна сигнализација, со неисправен уред за сопирање и управувани од малолетници.

Ваквите прекршоци неретко стануваат основна причина за сообраќајни незгоди кои за жал завршуваат и со човечки животи.

Освен изречените парични казни од страна на полицијата и почитувањето на законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, може да придонесе за намалување на прекршоците и незгодите.

Според законот , тракторот во сообраќај на пат задолжително мора да има по две регисарски таблици, што значи мора да е регистриран. 

Законот обврзува и задолжителен технички преглед преку кој би се согледала исправноста на возилата, особено уредите за управување, сопирање и уредот за осветлување на патот и возилото. Светлосната сигнализација во моментот , во Тиквешијата е најголемиот проблем.

Речиси 90 % од тракторите се управуваат со неисправен светлосен уред, или пак без ниту една ознака која би дала светлосна сигнализација.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при полициската станица Кавадарци најавува ригорозни казни за непочитувачите на законот.

04/10/2008
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Од Сојузот на спортови за 2011 бевме прогласени за втор најуспешен спортски клуб во градот
Валентин Тошев:Ендуро трките само по себе се тест на издржливост на моторциклот и возачот.(Видео)
Lisica.mk Од наш агол Пигментација на кожата
Појавата на темните флеки (хиперпигментација на лице) најчесто е последица на т.н. MELAZMA која се јавува на челото, образите, брадата и горната усна.
Колумна Колумна
Не навредувај ја верата на луѓето За жал, последните десетина дена Македонија, бар онаа онлајн, беше сведок на еден тон оркестрирани, подбуцнати, испровоцирани и наменски провокации, навреди и омаловажувања кон сите припадници на православната вера и МПЦ-ОА.
Знаете ли што е тоа Е-ОТПАД

да

не

не ме интересира

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.11][13]