Во битката за зачувување на националниот идентитет неопходно е зачувување на македонскиот јазик.

Во битката  за зачувување на националниот идентитет  неопходно е негување на македонскиот јазик.

Да го сочуваме  македонскиот јазик -  значи да си го зачуваме националниот идентитет и татковината, вели претседателката на Друштвото на македонисти на Велес, Македонка Виларова.

Лисица: Оваа година е година на македонскиот јазик, колку македонистите го давааат својот допринос за афирмација на мајчиниот јазик?

Виларова: Уште од најрана возраст, луѓето треба да имаат изградено правилен однос кон својот мајчин-македонски литературен  јазик. На ваков однос не обврзува сознанието  дека сопствениот  јазик е едно од најголемите културни богатства на секој народ.

Треба да се знае дека јазикот не е само главен белег на националаната припадност на еден народ  туку и најсилно средство за негов културен живот и напредок. Токму затоа меѓу најважните задачи на македонистите и училиштатат како воспитно- образовна институција  е да го чуваат,  негуваат и афирмираат македонскиот јазик во сите сфери на живеење.

Лисица: Колку институциите се грижат за правилна употреба на македонскиот јазик и му го посветуваат потребното внимание?

Виларова: Секојдневно сме сведоци на многу груби јазични, стилски  и правописни грешки на кои наидуваме постојано преку усниот разговор,  низ печатени и електронски медиуми и слично. Тие сведочат за недоволно сфаќање  на огромното значење од правилното служење  со македонскиот литературен јазик. Неопходна е желба и стремеж за да се прифатат литературните норми, да се почитува литературниот-  нормиран јазик и да умее да се бори за неговото постоење и развој. Во последно време радува фактот  што се повеќе му се посветува внимание на литературното користење на македонскиот јазик , пример проектот Кирилица, олуката на Владата за употреба на македонскиот јазик и кириличното писмо во испишување на имињата на фирмите, што е за  потик и за поздравување.

Лисица: Која и чија е одговорноста за негување на мајчиниот- македонски јазик?

Виларова: Одговорноста за негување на македонскиот литературен јазик паѓа пред сите оние на кои тоа им е професија- наставници и професори и училиштето како воспитно - образовна институција  а кои  имаат најодговорна задача. Токму затоа  сите тие треба да влеат љубов  кај учениците повеќе да го сакаат и да го почитуваат својот мајчин јазик и да имаат правилен однос  кон неговата  голема важност за народот и државата. Тоа значи да ја познаваат неговата историја, неговото потекло и трновитиот пат  на неговиот развиток и со почит да гледаат на неговите најважни особености, според кој тој се раликува од другите.

Наставниците по македонски јазик во целост се заложуваат за употреба на македонскиот литературен јазик не само за време на часовите туку  и  за негова употреба во сите општествени сфери на комуницирање и разбирање.

„Да се зачува сопствениот мајчин јазик значи да се остане верен на духот на своите прадедовци и да уважи се што тие го имаат направено за своето потомство"  Крсте Петков Мисирков. 

Лисица: Колку дијалектите кои се секојдневие го видоизменуваат македонскиот јазик?

Виларова: Природно е и ненаметливо во секојдневниот разговор луѓето да употребуваат и дијалектни зборови и изрази, кои се карактеристични за локалните подрачја. Дијалектите  сепак  се дел од развојот на македонскиот јазик и ако се употребуваат во неформални разговори не му наштетуваат. Но, за жал  нивната употреба во официјалната комуникација е штетна, бидејќи се врши отстапување од нормираниот литературен македонски јазик. 

Лисица: Како македонист која е вашата порака за употребата на мајчиниот јазик во временски период кога многумина  се обидуваат да го скршат нашиот национален идентитет?

Виларова: Нашиот јазик е наш долг и наше свето право, според Мисирков тој треба да се сака и брани како светиња.Чуството за љубов кон македонскиот литературен јазик е подготвеност тој да се негува да се брани и да се сака неизмерно.

Македонскиот јазик треба да биде строен и издразит и да биде вистински белег на македонската националност,  зошто преку литературниот јазик се закрепнува најздраво свеста за припадноста кон една нација. Македонскиот литературен јазик треба да биде навистина македонски- Блаже Конески. Оваа мисла треба да  е звезда - водилка за сите нас  во обидите и стремежите за почитување и афирмирање на јазикот чија нација е лулка на словенската  писменост.

 

 

13/09/2008
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Билјана за Лисица: Горда сум што го развиорив македонското и велешкото знаме во Кина
Шкортова: Наскоро патувам за Турција, како член на жири комисијата на изборот за Мис модел на Турција за Мис модел на светот.
Lisica.mk Од наш агол Македонско лице на хрватските модни писти
Јашар Јашари, познат како Јаши, е баран модел на хрватските модни писти.
Колумна Колумна
Лавиринт на ТРАНЗИЦИЈАТА Први, втори, трети сите итаат некаде... Кој по погрешниот кој по вистинскиот пат.
Новата 2013 година ќе биде?

подобра од 2012

полоша од 2012

незнам

иста како и 2012

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.29][707]