Прашање: На кого му се сони новиот лик на Младински ?

Не можам да сфатам, не можам да разберам, каде е економската логика каде е, човечкиот разум. Младински парк граден една, две, три и повеќе години со пари од Топилницата како компезација за здравјето на Велешани, и конечно доизграден и завршен во текот на 95 или 96 година, со прекрасни, тревници, врби, патеки за движење безпрекорно хорти културно решение на еден мал простор со постојана и максимална посетеност од граѓаните на Велес.

Патеките и површината за движење на пешаците завршени со многу квалитетни кулир бетонски плочи. Кулир бетонски плочи со многу квалитетна завршна обработка со димензии 40х40 на површина повеќе од 1000 м2.

Ќе се сложите и денес после 15 години употреба толку свежо толку убаво делуваа и изгледаа како да се нови како да се пред две недели вградени а не пред повеќе од 15 години.

И наеднаш на некого преку ноќ му се сонува некој страшен хорор фим, да гради патека на великаните да гради велелепна фонтана исто како во Барцелона.

Да да добра идеја ама не преку ноќ да се роди и денес да се реализира, по секоја цена. И по цена да чини 100 000 евра, по цена да не е предвидена во годишната програма за уредување на градежното земјиште, по цена да се изведува без изработен квалитетен изведебен проект, по цена без градежна дозвола, по цена да не е предвидена во постоечкиот детален урбанистички план и на крај по цена некаде да се гарди каде што веќе е изградено платено преплатено со многу потрошено здравје на велешани, со пари од Топилницата како компезација за здравјето на велешани или изгубената здрава животна средина на велешани.

И тука на овој мал простор со беспрекорно добро уредување со многу квалитетни кулир бетонски плочи некој разви и оформи градилиште, огромно градилиште, каде што почнаа безмилосно да се вадат и отстрануваат многу добри бетонски плочи (никој не знае каде завршија тие 300 до 500 м2 бетонски плочи со квалитетна завршна обработка и квалитетно вградување) а потоа и на останатата површина некој дозволи да се движат тешки товарни возила, врз плочи предвидени за движење на пешаци, резултат повеќе од 50 % од останата површина што моментално не се демонтира или откорнува е уништена искршена и пропадната.

Па зар толку сме богати да газиме по квалитетни персиски килими со рибарски чизми со кал до колена.

Незнам, незнам, каде живееме, како да живееме во една многу богата држава и уште побогата општина за да се однесуваме така расипнички, да уништуваме нешто направено и да трошиме пари за нешто, што можеби е добро и убаво, а можеби и не е. Зошто можеби не е убаво.

Како може, квалитетно обработени бетонски кулир плочи да се заменуваат со бехатон плочи кои се толку грди и неубави (само нека се погледне, последната фонтана изградена пред само една година, околу неа како изгледаат бехатон плочите, уморно, нечисто, старо, и неубаво, споредено со кулир плочите во младинскиот парк.

Па добро, па добро, до кога некој своите ноќни соништа и болни нереални амбиции ќе си ги реализира и ќе си игра со парите на граѓаните.

Мислам дека чашата се прелеа, пред се императивот да се пушти на 8 септември како да 11 октомври е помал празник, а ја знаете и поговорката „брзата кучка слепи кучиња раѓа“.

Зошто, зошто, толку брзање, за да се направи нешто не убаво, нешто не квалитетно, да се уништи нешто што веќе е направено и е добро, да се потрошат 100 000 евра нови пари да се уништат веќе потрошени пари пред 15 години, (што не се знае колку се, можеби најмаку се колку новите што ќе се потрошат).

 Да, да, има зошто, зашто некој сака на 8 септември да му се аплаудира и да му вика „браво“, „браво“, направи нешто. Да, да направи нешто, и јас викам направи нешто, но што направи, колку е тоа квалитетно, колку е најсоодветен просторот и пред се по која цена и со која цел.

Мислам дека не сме толку богати да секоја втора година ги менуваме своте стари и убави керамички плочки во своите кујни и купатила со нови помалку убави и помалку квалитетни плочки,  за да нашите сопруги и деца ни викаат, браво, браво, па ти си шампион за градење секоја година се исто правиш. И ние, како „глава на куќата“ сме толку големи и горди во очите на своите жени и деца, дека нешто стално правиме во своите домови, иако утре можеби ќе немаме пари за леб да си купиме. До кога, ама стварно се прашувам до кога, има ли некој да ми одговори, ќе се трошат нашите пари безмилосно, и безрезервно, не економично и ирационално.

А замислете, за 8 години власт на локално ниво да не се направи мост, мост за поврзување на населба „Речани“ со центарот на градот,(предвидени се два моста во деталните урбанистички плана), барем еден да се направеше и да ја споеше населбата „Речани“ со спој кај пошта или кај управната зграда на ЈКП „Дервен’.

И никој, никој не ни помисли дека жителите на населба „Речани“ имаат платено многу висока вредност (35 евра/м2) за надоместок за уредување на градежно земјиште при добивањето на дозволи за изградба на свиоте куќи, како и дека најмалку што можеше, е да им се направи добра врска со центарот на градот.

А некој што има толку малку платено ниска вредност (3,5 евра или 7 ДМ/м2 тогашни)  за надоместок за уредување на градежно земјиште при добивањето на дозвола за изградба на својата куќа, пред својата куќа има квалитено спортско игралиште, убаво асвалтирана улица и др.

 Се прашувам само до кога, има ли некој да ми одговори до кога?         

27/08/2008
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][26]