Мелничарите велат дека лебот нема да поскапи

Нема потреба од паника, пченица, брашно и леб ќе има доволно, вели Благоја Стојчев, претседател на групацијата за мелничко пекарска индустрија.

„Јас лично нема да ја покачам цената на лебот. Малите пекари кои порачуваат дека ќе го поскапат лебот, на некој начин нè притискаат и ние да го поскапиме лебот, но ние не можеме да се договориме околу поскапувањето постои агенција за монопол,", вели Стојчев.

Тој додава дека македонската пченица нема да остане не откупена бидејќи се произведуваат мали количини, а останатиот дел се увезува од соседните земји како Србија и Бугарија.

„Нашата земја е зависна од увоз на житни култури ние секогаш сме дефицитарни со околу 50 отсто, производителите намерно оставаат голема количина на пченица која потоа ја користат за храна за добитокот бидејќи цената на пченката е висока", изјави Стојчев.

Забраната за увоз која беше донесена заради недостаток на пченица, на 15 септември ќе биде разгледана и ќе биде одлучено дали е потребна.

Според податоците на Државниот завод за статистика, цената на лебот за јули не е променета во споредба со истиот период 2009 година.

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

06/09/2010 18:35
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.07][28]