![]() Градскиот парк да стане место привлечно за сите граѓани
Кога ќе зарши сето тоа, засега не се знае. За почетокот на работите точен одговор нема ниту градоначалникот. Тој вели дека се чека идејниот проект. „Тоа ќе започне да се реализира кога фирмата која е ангажирана ќе го заврши проектот. Ние ќе гледаме во текот на оваа градежна сезона да ги завршиме градежните работи во градскит парк", вели Горан Петров градоначалник на Велес. Надлежните откриваат дека во градскиот парк се предвидува изградба на нова патека која ќе се користи за џогирање и за возење велосипеди. Таа треба да биде дел од големиот спортски комплекс со многу содржини кои ќе ги провлечат љубителите на сите спортски дисциплини. „На простор од само двеста метри во градскиот парк ќе има многу спортски соджини. Токму тоа е и нашата цел да ги привлечеме спортистите да го посетуваат паркот", вели Петров. Отпочнувањето на работите околу изградбата на новиот парк треба да започне што поскоро, бидејки остранувањето на старите дрвја, веќе е завршено, ако работите не с езабрзаат и оние реткипосетители на паркот повеќе нема да доаѓаат. Градскиот парк во Велес е изграден пред 40 години, ова е прва поголема негова реконструкција. Според најавите новиот парк покрај новите содржи ќе има и многу повеќе цветни алеи. Ова место во годините наназад беше едно од најпосетуваните. Очекувањата и на локалната самоуправа и на ЈКП Дервен се дека новиот лик ќе ги врати велешани во градскиот парк. 06/09/2010 15:25
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |