Започна бранот поскапувања

Предвидувањата за повисоките цени на одредени производи се остварија. Овој месец е со големи трошоци за секое семејство, тука се подготовките за новата учебна година, спремањето на зимница, домаќинставата се снадбуваат со огрев.

Како со вакви високи цени на производите едно просечно семејство ќе го помине месецот и ќе успее да врзе крај со крај.

„Тешко се излегува крај со крај ,посебно сега ако се знае дека септември е месец на зимници, нова учебна година и слично. Наместо да добиеме поефтинување нашите трошоци се золемуваат„

„Народот само осиромашува. Ова повеќе не го бива. Секој ден се е поскапо и поскапо. Само платите и пензиите никако да се покачат",  велат случајно анкетираните  велешани.

Поскапената потрошувачка кошница  за граѓаните претставува вистнски шок. Тие и понатаму се жалат на сиромаштијата, нивните примања остануваат исти, а покачувањата на цените веќе станаа дел од секојдневието.

Покачувањето започна неодамна. Граѓаните најпрво се соочија со повисоката цена на основниот прехрамбен продукт лебот, потоа зејтинот, брашното, овошјето и зеленчукот.

„Најмногу загружува фактот што поскапуваат основните производи, почнувајки од лебот па натаму. Надлежните треба да си преземат нешто да не заштитат граѓаните", вели средновечна жена.

Велешани  во дилема, во месецот кога се подготвува зимницата дали да ги платат сметките или да неостапат од традицијата во септември да ја подготват традиционалната зимница.

06/09/2010 14:18
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][14]