Вработените на Колска протестираа на железничката станица во Велес

Со сирени на предупредувачки протести. Вработените од фабриката за шински возила револтирани од неисплатените плати денеска протестираа на железничката станица во Велес.

Не само од неисплатената јулска и декемвриската плата од 2008, работниците од Колска се незадоволни и од хаосот во фабриката. Велат работа имаат но им недостигаат репроматеријали. Досега неколкупати се обиделе проблемот да го решат со преговори, но не наишле на разбирање. Утре заминуваат на протести пред Владата.

 „Утре со возот од 08 часот заминуваме за Скопје, пред Владата, бидејќи фабриката е во нејзина сопственост. Таму ќе го изразиме нашето незадоволство, рече Јордан Чадлов, претседател на синдикатот на Колска. 

Двеста десетте работници бараат работа и соодветни услови за извршување на работните задачи. Неколкупати апелирале до раководството на транспорт при МЖ, но и оттаму наишле на затворени врати. Во знак на револт денеска, повеќе од половина час, не го пуштија локалниот воз од Велес да тргне за Скопје, кој цели четири години не бил на поправка.

 „Четири години возот не е поминат на ревизија. Најкасно за 18 месеци патнички воз мора да помине на ревизија во фабриката за шински возила. Ние повеќе пати апелиравме за тоа но сите молчат, немаат ли средства не знам што е работата. А такви не се безбедни за патниците", рече Слободан  Димитриев.

„Четириесет и три години овде работам, вака никогаш не било. Откако е дојдена оваа директорка сака да ја затвори фабриката. Вода немаме, има само од бунарот, смрди цела фабрика, ХТЗ опрема немаме, плата нема. За се е криво раководството",

„Бараме одговорност за гробарите на фирмата. Златна кокошка е Колска со добро раководствоп ќе имаме редовно плата. Како робијаши сме. Господичната не била задоволмна од нас, а дали ние од нив сме задоволни. Ами за ваков раководител јас ке бидам 4 год. Ќе си го направам товарчето и ќе си заминам", велат работници на Колска. 

Според синдикалецот Чадлов, фабриката има огромни долгови и тоа 90 милиони денари за ДДВ и 18 милиони денари за неисплатени придонеси. Стариот управител на фабриката бил разрешен, а новиот се уште не го виделе.

06/09/2010 14:04
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.06][30]