Пред неколку години беше различно

Пред неколку години беше различно. Не се, но многу работи беа различни. Македонија беше држава со други развојни димензии и динамики. Македонија беше држава со други премиси и стандарди. Македонија беше држава со сосема различен концепт на политиката, а пред се со целосно различен пристап и очекувања од неа.

Поминаа четири години од моментите кога ВМРО-ДПМНЕ успеа по втор пат во плурална Македонија да освои доволен квантум на доверба од граѓаните за да има полн капацитет и легитимитет да формира Влада. Тоа беше време во кое не беше лесно да се претпостават резултатите на парламентарните избори. Време во кое медиумите беа во голем дел под влијание, индиректно или директно, на тогашната владејачка партија. Критичноста кон политичките, општествените и економските процеси од страна на јавноста беше драстично помала, впрочем за многу голем дел од темите не се успеваше ниту да се започне јавна дискусија. Активностите на невладините организации си беа насочени кон остварување на нивната програмска платформа, со очигледен дефицит на воља и намера да се вклучуваат и ангажираат во критика кон тогашната Влада за било кое прашање (овде со чесни исклучоци). Ангажираноста на буџетските средства и ресурси беше тема која не предизвикуваше доволно внимание. Диспропорцијата на висината на даноците од една страна и ефектите од нивната распределба од друга страна не беа актуелни теми во медиумите. Инвестициите и субвенциите во земјоделието како и да не постоеа...

Но, овие денови, четири години од формирањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, се денови во кои многу објективно мора да ги согледаме и уште пообјективно да ги процениме сите капацитети, можности и ефекти на политиките на овие Влади. Треба да видиме и да потенцираме што е она што успеавме да го подобриме, што е она во што секако постапивме со поголемо знаење и посветеност од било која друга политичка структура и секако, да видиме во што можевме и сеуште можеме да бидеме подобри и поефикасни.

Оваа битка, битка за резултати, не е битка која ВМРО-ДПМНЕ ја води со своите политички опоненти. Напротив, оваа битка ја водиме со самите себе. Покажавме дека, за нас, политиката не е само битка до истребување, туку е предизвик за докажаување на позитивни вредности и позитивни резултати.

За прв пат во Македонија се спроведуваат реформи и за прв пат гледаме дека тие реформи не се само мртво слово врз бел лист хартија. И онака резервираната Европска унија, не избегна да забележи дека Македонија успеа да ги исполни сите критериуми за да се прогласи за држава која ќе има капацитет да започне преговори за полноправно членство. Визниот ѕид ни изгледаше нескршлив и непобедлив. Членството во НАТО беше мисловна именка, а сега е на дофат на раката. Борбата со криминалот и корупцијата е процес кој што стана вистински, јавен и значаен токму со изборот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Инвестициите во културата ни покажаа дека можеме поубаво да ги видиме богатствата од минатото, но и поубаво да ги изградиме богатствата за иднината. Земјоделието стана стопанска категорија, а до тогаш беше само бедно-социјална. Се отворија школи, факултети, универзитети, сали, игралишта,.... Како никогаш до тогаш

Се научивме да ги гледаме политичарите како работат. Сега се сосема различни. Сега гледаме дека се дава отчет за сработеното, јавно, прецизно и детално. Претходно тоа беше сон. Можеме да бидеме среќни дека после оваа гарнитура, никогаш нема да е исто. Овие параметри, оваа посветеност и оваа работливост ќе се минимумот кој граѓаните ќе го очекуваат од било која следна власт. Веќе нема да се задоволуваат со демагогија, медиумски трикови, лажни големини, неизживеана ароганција и празни муабети. Никогаш повеќе нема да имаме политичари кои ќе можат да останат далеку од своите гласачи, во своите удобни кабинети. 

Недостасува реална дебата за ефектите и отчетот од сработеното. Нема прецизен пристап од страна на опозицијата, а има напад полн со навреди, клевети и неиздржани шпекулации. Никој не излезе да каже, или господа од власта Вие лажете или Господа од власта ова што го правите не е доволно и не е на место. А, уште помалку, не видовме некој од опозицијата да се дрзне да излезе и да каже што тој би сторил за оваа држава. Имаме политичка дебата во која недостасува судир на концепти. Замислете (ова е дигресија) политичари кои ја обвинуваат Владата дека го пљачка народот, кога беа на власт имаа и спроведуваа политика на високи даноци, тогаш плаќавме повеќе. А згора на тоа, и во своите најнови идеи баратаат со истите параметри. Велат ќе го зголемеле персоналниот данок и ќе ги зголемеле придонесите за здравствено осигурување, без да кажат што за возврат ќе добијат граѓаните и стопанството. Демагогија...

Но како и да е. Оваа Влада има реална шанса да биде првата која во ефективно време ќе управува со Македонија во период од два мандати. Тоа е заслужено, но и мора да се оправдува во континуитет. Нема простор и време за дефетизми и слабости. Нема време за пасивност и замор. Нема време за комоции и хедонизам. Нема време за растурање и несериозност. Нема време за елитизам и самобендисаност. Доколку тоа ја наваса оваа гарнитура, ќе ја направи иста со сите досегашни, а тоа е рецептот за неуспех. Мора да биде подобро. Мора да се продолжи.   

 

                                                                      Илија Димовски

06/09/2010 10:28
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][14]