
Највисокиот активен вулкан во Евроазија, Кључевској на Камчатка почнал да исфрла т.н вулкански бомби на височина од 500 метри, изјавиле за РИА Новости, претставници на Институтот за вулканологија и сеизмологија.
„Исфрлањето на материјалот на височина од околу 500 метри над кратерот можеше јасно да се забележи ноќеска. Во меѓувреме исфрлањето на вжарената лава мина во исфрлање на вулканска пепел до височина од два километра", изјавил портпаролот на Институтот.
Според него, татнежот вулканот кој ја придружувал ерупцијата била слушната од жителите на селото Кључи, оддалечено 40 километри од вулканот.
Ерупцијата на вулканот Кључовојск започна во август минатата година. Во средината на ноември, стопената маса целосно го исполни кратерот по што лавата почна да се прелева по падините на вулканот. Според соговорникот на агенцијата, сега лавата се излеала до височина од 2.500 метри, од апсолутната височина на вулканот Кључевској којашто изнесува 4.750 метри.
Додека вулканот не е толку опасен за туристите кои и во овој период се искачуваат по него, со зголемувањето на интензитетот на исфрлањето на вулканска пепел се зголемува веројатноста за појава на гасови кои се опасни за воздухопловството. Исто така, можна е појава и на калливи потоци како резултат на растопениот магматски материјал и мразот од падините на вулканот.
Последната ерупција на Кључевској е забележана во 2008 г..Предходно, овој вулкан еруптираше во периодот од јануари до мај 2005 г. Моќната ерупција во 2005 година предизвика „скусување" на вулканот за околу 50 метри, односно од тогашните 4.800 на сегашните 4.750 метри. Во текот на изминатите ерупции, лавата делумно ги истопи глечерите Ерман и Черниј. Околината на вулканот, вклучувајќи го и селото Кључи, биле покриени со големо количество вулканска пепел.
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.