![]() Преглед на печат / Регион
„Блиц" (Србија) Под наслов „Конечен став за српската резолуција во вторник" електронското издание на весникот пишува дека претседателот на Србија Борис Тадиќ и претставничката на ЕУ за надворешна политика Кетрин Ештон, ќе се состанат утре во Брисел. Цел на нивната средба е да се согледа до која мера успеаја напорите да се усогласат ставовите на Србија и Европската Унија (ЕУ) пред расправата за Косово во Обединетите нации (ОН). Центарот за евроатлантски интеграции ја поздрави подготвеноста да се дојде со заеднички договор, но предупреди дека тоа не може да ги замени директните преговори кои мора да ги остварат Белград и Приштина. „Во Земуник не сакаат Роми: Нè трујат со чад од дивите депонии" е еден од централните наслови на весникот. Во текстот се наведува дека граѓаните од населбата Земуник во Задар велат дека не се расисти, но и дека е неиздржливо да се живее во отпад. Според изјавата на градоначалникот на Земуник Јосип Марушиќ, мештаните сакаат непоканетите гости (Ромите) да си заминат. Градоначалникот исто така изјавил дека Земуник не може да се спореди со протерувањето на Ромите од Франција, затоа што во оваа населба Ромите ги бркаат само поради бесправно користење на имот, загадување на околината и вознемирување на мештаните. „Денеска Бугарија слави 125 годишнина од создавањето" е еден од водечките наслови на весникот. Во текстот стои дека денеска навршуваат 125 години од создавањето на Кнежевство Бугарија и Источна Румелија. Во весникот пишува во кој град како ќе се одбележува овој национален празник. Манифестации ќе има речиси во сите градови од државата. „Црквата се спротивставува на данок на имот: Новиот данок е незгоден за верските заедници " е еден од водечките наслови на весникот. Во текстот пишува дека во Хрватска католичка црква повеќе нема да биде ослободена од данокот на додадена вредност на приходите од рентабилна активност (продажба на книги и свеќи, и рентање на објекти итн). За разлика од Хрватска, во Словенија нема пропишани правила црквата да плаќа ДДВ. Од тамошното министерство за финансии побарале црквата да биде даночeн обврзник затоа што врши економска дејност. Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.
06/09/2010 10:11
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |