![]() Преглед на печат - Македонија
Под наслов „Комисија за поткусурување" весникот пишува дека според експертите, за девет години, колку што постои антикорупциската комисија, само предметот „Бачило" кој таа го "потегна" по сознанија од ревизорски извештај, е целосно процесуиран од надлежните органи. За најголемиот број иницијативи што се поднесени од Обвинителството, комисијата нема повратен одговор. Стручњаците се прашуваат како е можно некои предмети да се работат и по четири, пет, па и шест години. „Тепачка за владата во сенка на Бихаќка" е централен наслов на весникот. Во текстот стои дека според лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, најголемата опозициска партија нема да се откаже од предвремени избори и дека во главата веќе го има составот на новата влада предводена од Социјал-демократскиот сојуз. Најсериозни кандидати за членови на владата се Андреј Петров, Зоран Јовановски, Гордан Георгиев, Јани Макрадули, Славица Грковска-Лошкова и Софија Куновска. Под наслов „Ни недостигаат фокус, стратегија и време" весникот пишува дека засега, сликата од она што е постигнато е ваква: имаме нефокусирана, дифузна промоција, исти луѓе прават иста промоција и за привлекување инвеститори и за туристи. Странските инвеститори или се откажуваат или стагнираат. Според анализите на весникот, не помогнаа многу ниту даночните ослободувања а ниту пак рамниот данок. „Атина им се потсмева на нашите лавови" е еден од централните наслови на весникот. Весникот пишува дека скопските „постмодернистички" лавови осамнаа во грчкиот весник „Катимерини" а текстот посветен на нив е „Лавовски кич во Скопје". Грчкиот новинар за весникот пишува дека "националистичкиот пароксизам на Никола Груевски сликовито е пресликан во центарот на Скопје". Понатаму во текстот Катимерини пишува дека - Гигантската статуа на Александар Македонски , скулптури на херои на "македонскиот народ" кои за свои ги смета и Бугарија, но и лавовите, вештачки создаваат "македонски" морал за населението. Според весникот, целиот проект само дополнително ја потхранува антигрчката клима. Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax. 06/09/2010 10:09
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |