![]() Се игра кошарка во чест на Тони Виларов
Почитувачи на ликот и кошаркарската игра на младиот и талентиран Тони Виларов, чиј што живот прерано згасна и годинава, по трет пат дојдоа во Спортската сала „Гемиџии" за да му оддадат почит на Виларов, еден од најдобрите кошаркари на КК „Жито Вардар"а потоа и помошник тренер на "Велес 2000". Турнирот во чест на Виларов започна со натпреварот на кој настапија тринаесетгодишни момчиња, млади кошаркари како симбол на годините кога Тони Виларов започна да тренира кошарка. На првиот натпревар настапија екипите на КК „Овче Поле" од Свети Николе и КК„ Јасмин" од Кавадарци. Во мошне интересна игра победи екипата на Кавадарци. Кавадарчани како победници потоа, се сретнаа со екипата на КК„Борец Баскет"од Велес. Со супериозна игра победија младите кошаркари на велешкиот клуб.Најмногу кошеви на овој натпревар даде синот на Тони Виларов Петар Виларов кој на најдобар начин ја изрази својата почит кон својот татко. На турнирот се сретнаа и младите кошаркари на КК „Овче Поле" и „Борец Баскет".Подобри беа велешките млади кошаркари. Организаторот, почитувачите на Тони Виларов, на сите млади кошаркари, учесници на турнирот, во спомен им подарија маици, а благодарници на клубовите . Меморијалниот турнир „Тони Виларов" продолжува утре со учество на сениорски екипи од повеќе градови на Македонија. Првиот натпревар во спортската сала „Гемиџии" ќе почне во 11и 30 часот. Почитувачите на Тони Виларов ќе имаат можност да присуствуваат на врвна кошарка и ќе можат да му оддадат почит на нивниот сограѓанин! 04/09/2010 15:52
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |