Тројца Mакедонци со стипендии за Кембриџ

Дамјан Денковски, Ивана Матеска и Александар Митов, се идните студенти на престижниот британски универзитет Кембриџ, чие студирање ќе го финансира новоформираната фондација Пексим (PEXIM) -  Cambridge Overseas Trust (COT)

Ова е резултат на денешното потпишување на договор помеѓу Пексим (Pexim) приватната непрофитна фондација за стипендирање студенти од Македонија и Србија, и Cambridge Overseas Trust (COT) фондот за стипендирање на меѓународни студенти, кое го поддржа македонското Министерство за образование и наука.

„Министерство за образование и наука продолжува да поддржува вакви инацијитави за стипендирање на студенти кои по завршувањето на студиите или постипломските студии на странските универзитети, ќе се вратат во земјата и ќе се стават на располагање на државната администрација, јавните претпријатија, и приватниот сектор, се со цел подигнување на капацитетите на Македонија во ЕУ интегративните процеси преку развојот на конкурентноста на земјата.", рече Министерот за обрзование и наука Никола Тодоров.

За секоја година која кандидатот ќе ја помине на студии во странство е обврзан да одработи две години во Македонија, информираше Тодоров.

Вкупниот трошок на студиите ќе се подели подеднакво  помеѓу Фондацијата PEXIM  и Cambridge Overseas Trust фондацијата.

„ Доделувањето на стипендии е особено важно за нас.Иако ние сме еден од елитните универзитети, не сакаме и социјално да бидеме елитни.Доколку сакаме да останеме такви мораме да се отвориме кон остатокот од светот.", рече директорот  на COT фондацијата, Мајкл О Саливан, и доде дека COT фондацијата троши околу 15 милиони фунти годишно за стипендирање на студенти од странство.

Универзитетот „Кембриџ" е еден од најпрестижните универзитети во светот и постои повеќе  од 800 години, а годишно броји и до 18.000 студенти од кои повеќето доаѓаат од странство.

Од нашата држава само пет студенти биле дел од Кембриџ универзитетот, во последните година дена.

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

04/09/2010 14:03
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][27]