Критики за Обама и Клинтон за односот кон Македонија

Македонија е важен пријател и партнер на САД и НАТО, иако сеуште не е полноправна членка на Алијансата поради тоа што Грција инсистира земјата да го промени своето име, што е апсурдно барање, пишува Џејсон Мико во напис за „The Washington Times", пренесува Макфакс.

Во написот со наслов „Место на масата за Македонија", Мико критикува што Македонија сеуште не е дел од Алијансата, иако активно учествува во мисиите на НАТО во Авганистан како четвртти најголем контрибутор. Мико не го одминува и учеството на македонските војници во Ирак и во БиХ, како и придонесот на земјата за време на косовската бегалска криза.

„Македонија има многу обврски на земја-членка на НАТО, но ниедно право. Повикана е да служи, но нема место на масата", пишува Мико.

Во натписот критика упатува до американскиот претседател, Барак Обама и до државниот секретар Хилари Клинтон, кој не се среќаваат со македонски претставници на соодветно ниво.

„Македонија и понатаму е третирана како „последна мисла". Државниот секретар Хилари Родам Клинтон се има сретнато со 124 свои колеги (или во некои случаи, шефови на држави и влади) во Вашинготон од превземањето на функцијата, вклучувајќи ги сите држави во Европа, со исклучок на четири. Македонија е една од нив. Нешто што е бизарно, г-ѓа Клинтон дури јавно разговараше за Македонија со шефот на словенечката дипломатија за време на неговата посета во јули, но својата куртоазност не ја укажа на својот македонски колега", пишува Мико.

Тој потсетува дека Обама се сретнал со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, додека Клинтон тоа го сторила во неколку наврати  со повеќе грчки претставници, но не и со претставници од Македонија.

„Во најмала рака, ова испраќа многу негативен сигнал до Македонија дека не е многу ценет партнер и сојузник", пишува Мико.

Авторот повикува администрацијата на Обама да обрне поголемо внимание во однос на македонско-грчкиот спор. Предлага состаноци на Обама со високи македонски претставници, со цел, отстранување на верувањето дека Грција еднострано се фаворизира.

„Покана до премиерот да се сретне со претседателот би бил корисен старт", сугерира Мико.

Написот во „The Washington Times" Мико го завршува со констатацијата дека македонските граѓани го искористиле своето право на име и идентитет преку гласањето за независна македонска држава во 1991 година, за што според него, администрацијата на Обама треба да покаже разбирање и да ги чуе македонските гледишта.

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

04/09/2010 13:59
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][25]