Вкупно 1.765 грама хероин биле откриени во возило на 26-годишен скопјанец, кој на втори септември се обидел преку Граничниот Премин „Табановце" се обидел да ја напушти Македонија, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Припадници на Единицата за борба против недозволена трговија со дрога при Одделот за организиран криминал, при извршениот претрес на возило „Алфа Ромео", што било управувано од страна на скопјанецот, под тапацирот на покривот биле пронајдени две тенки пакувања со правоаголна форма обвиткани со селотејп, во кои биле спакувани вкупно 1.765 грама хероин, чија крајна дестинација биле земјите од Европската Унија.
Како што соопштуваат од МВР, против 26-годишниот скопјанец е поднесена кривична пријава за „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори" и му е одреден притвор во времетраење од 30 дена.
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.