Притвор за осомничениот за убиството во Аеродром

Истражен судија му одреди 30-дневен притвор на осомничениот за тројното убиство скопската населба Аеродром.

Осомничениот пред судијата се бранел со молчење, а му бил одреден адвокат по службена должност.

Четириесет и седумгодишниот Тони Денковски вечерва околу 20 часот, по распитот во полициската станица беше изведен пред истражен судија.

Денковски утрово сам се пријави во полициска станица и призна дека пукал во двајцата велешани и скопјанецот.

Мотив за убиството, најверојатно се нерасчистени должничко-доверителски односи, меѓу осомничениот Денковски и убиениот Јордан Јорданов, викан Ркулот, во јавноста познат по вмешаност во случајот „Франкфурт мафија".

Полицијата се уште истражува зошто настрадаа Владо Милошев и Влатко Андреевски, кој синоќа седеле на иста маса со Јорданов ако првично се знае дека цел на напаѓачот бил само Ркулот. МВР нема информации зошто во тоа друштво бил Милошев, полициски службеник кој работел во одделот за обезбедување на странски делегации. Министерката Јанкуловска најави дека ќе се истражат шпекулациите дека токму нивниот припадник бил врската меѓу подземјето и полицијата.

Вчера, малку пред 20 часот, Тони Денковски влегол во „Биг фиш", со автоматска пушка пукал кон жртвите. Јорданов почина на лице место, а двајцата на повредите им подлегнаа во Ургентниот центар. Денковски го фрлил оружјето пред рибарницата и со автомобил Опел корса избегал од местото на инцидентот.

Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.

04/09/2010 13:50
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.07][16]