Шестмина членови на поштенскиот оддел на армијата на САД стационирани во амбасадата во Турција се ставени во карантин откако на аеродромот во Истанбул ракувале со пакет кој содржел прашкаста супстанца, јавува Асошиејтед прес
Портпаролката на амбасадата на САД во Анкара Дебора Гвидо дека врз шестмината ќе бидат извршени лабораториски тестови за да се одреди дали прашокот е опасна супстанца, како, на пример, антракс. Резултатите ќе бидат готови утре.
Гвидо додаде дека тимови на здравствената служба ја деконтаминирале областа, а на шестмината превентивно им се дадени антибиотици во болницата во Истанбул.
Поштенскиот персонал на армијата ја администрира дипломатската пошта на САД во Турција.
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.