1.700.000 евра за реконструкција и доградба на болницата во Јасеново

Почна реконструкцијата на специјалната болница за белодробни заболувања и тубркулоза во Јасеново.

Со капитлна инвестиција од еден милион и 700 илјади евра на Владата, болницата треба да прерасне во регионален центар за третман на сите белодробни заболувања, срцеви заболувања, и во центар за рано откривање на карцином.  

Во иднина  болницата може да стане и центар  за медицински туризам за пациентите од државава и соседните земји. Реконструкцијата ќе се одвива во две фази.

„Во првата фаза која ќе трае 14 месеци ќе се изведуваат градежните работи за зголемување на капацитетите и условите за престој на пациентите како и подобрување на условите за работа на лекарите и медицинскиот персонал. Втората фаза е финансирање за обновување на инвентарот како и специјалистичката опрема", рече Гоце Бузалков, член на комисија за здравство при ОК на ВМРО ДПМНЕ.  

Ваква капитална инвестиција во болницата Јасеново за прв пат се случува по 60 години работење. Досега медицинскиот персонал работеше во отежнати услови со застарена опрема и недостиг од простор.

„Бројот на пациенти се зголемува од година во година, а ние во една просторија вршевме две паралелни испитувања кои не се пристојни за пациентите . Се создаваше ред на чекање, бидејќи во текот на еден ден идеа и по 40 пациенти со нивни блиски роднини. Со оваа реконструкција ќе добиеме едно дистанцирање на кабинетите од болничките соби, па така тие ќе бидат сместени во првата зграда, а пациентите во втората и третата“, вели Бузалков.

Годишниот план на болницата е 4,5 илјади амбулантски и 1.200 болнички прегледи, а го остваруваат со само 35 вработени. Од болницата се надеваат дека со доградбата на болницата ќе се зголеми персоналот и ќе се подобри квалитетот на услугите кон пациентите.

 

03/09/2010 14:58
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][14]