![]() 300 моторџии го кренаа Велес на нозе
Со мирно и убаво возење тие во наредниве три дена по патиштата во целата земја ќе го одбележат 8 септември Денот на независноста. „Ова е единствена ваква манифестација од ваков тип. Ние ја организираме по 19 пат ,а за прв пат и поминуваме низ Велес. Можам да кажам дека наидовме на добар прием од граѓаните кои не останаа рамнодушни на овие големи машини", рече Ѓорѓи Несторов, директор на релито. На Мото релито учество зедоа членови од сите мото клубови на Македонија, но и гости од Србоја, Бугарија, Хрватска, Словенија и Унгарија. „Јас сум учесник на сите изданија на ова рели и можам да кажам дека си поминуваме фантастично. Ова е едно дружење помеѓу нас за да го одбележиме празникот“, вели Димитар Вегов, моторџија.
Моторџиите секогаш кога возат во колона го предизвикуваат вниманието на граѓаните и се вистинска атракција. Учесниците на релито денеска во Велес лично ги пречека градоначалникот. Тој ја поздрави оваа идеја и им посака без проблеми да пристигнат на целта.
03/09/2010 14:02
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |