![]() Штрајк во Колска
Причина за ова е доцнењето на исплатата на личниот дохот. 210-те вработени сеуште ја немаат примено платата за месец Јули. Тие денеска упатија ултиматум до раководството во најкус можен рок да се префрлат пари на сметка ,во спротивно штрајкот од фабриката ќе продолжи пред владата која е 100 проценти сопрсвеник на Колска. „Оваа ситуација нема повеќе да ја трпиме. Мора веќе да се реши ,неможе ние секој втор месец да правиме штрајкови за да земеме плата. Нека се седне и да се кажа како ќе оди понатаму работата“, вели Слободан Димитрив синдикат во Колска. „Денешниот штрајк ќе биде мирен ,но ако не ни се исполнат барањата ние наредната недела ќе отидеме пред влада и таму ќе го изразиме нашето незадоволство од ситуацијата во која сме“, вели Јордан Чадлов синдикат во Колска. Од синдикатот на Колска денеска потврдија дека испратиле допис до владата фирмата да се спои со транспортниот дел на Македонски Железници. „Ние испрартивме барање да не спојат со транспорт оти вака повеќе не оди. Пробавме како фирма самостојно да функционираме на пазарот ,но очигледно не бива. Се сменија многу раководство но секогаш иста песна„вели Чадлов. Од раководството на фирмата денеска молк. И покрај повикот не дојдоа на капијата да кажат финансиската состојба на Колска. Можеби главна причина за тоа е затоа што веќе наголемо се шпекулира за нивна промена. Но додека тоа се случи работниците се соочуваат со доцнење на платите, како и со немање на основи суровини и репро материјали за работа. Во Колска недостасуваат и најмали средства како, ХТЗ Опрема, нараквици, чевли, а од пред неколку дена работниците кои цел ден се покрај машините, дома си одат со исцрнети раце, оти во фабриката нема ниту вода. 03/09/2010 13:49
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |