![]() Се пополнува бројот на бруцоши на дисперзираните студии во Велес
На факултетот за туризам и угостителство на вториот уписен рок досега се запишале 44 студенти. Остануваат уште 34 слободни места. На овие студии, според програмата, годинава има место за вкупно 140 студенти. Во првиот уписен рок веќе се запишале 70 студенти. Бројот на вонредни студенти е пополнет. На факултетот за информатика и компјутерска техника на вториот уписен рок се запишале 37 студенти. Слободни места има за уште 14. На овие дисперзирани студии можност да студираат имаат вкупно 120 студенти. На првиот уписен рок веќе се пријавиле 69 студенти. И овде бројот на вонредни студенти е пополнет. На технолошко-техничкиот пак има најмногу слободни места и по вториот уписен рок. Во првиот уписен рок на двете насоки се запишале 65 студенти во прва година, додека денеска на вториот се пријавиле само 10 студенти на прехрамбена технологија и 17 на нутриционизам. Инаку на овие дисперзирани студии годинава има вкупно 170 места за бруцоши. 02/09/2010 15:04
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |