![]() Трагедија во Велес
Тринаесет годишната Н. Трајковска сакајќи да му помогне на својот татко да постави црна хартија за изолација на покривот, за да спречат дождот да не им влегува во станот, се качила на покривот. Во еден момент кога му ја подала хартијата на татко и направила чекор назад и застанала на армираното стакло кое на зградата и служи како светларник. Од тежината, стаклото се скршило и девојчето паднало во просторот меѓу скалите во подрумите на зградата. Од падот девојчето се здобило со тешки повреди на главата и телото. Во бессознание и целото облеано во крв веднаш било пренесено во хируршкото одделение на велешката болница. „Девојчето е донесено во тешка состојба со повреди на два или повеќе органи од кој едниот го загрозува живототво моментот. Имаше скршеница на горната и долната вилица и беше во кома. По престанокот на работата на срцето и дишењето направивме ранимација. Ставене е тубус и добивме срцева реакција и дишење. Поради сериозноста на повредата ја пративме во Ургентен центар во Скопје. Повредата е многу сериозна и го загрозува животот на девојчето, рече др. Филип Тодоровски, хирург. Полициски инспектори извршија увид. Инаку, во истата зграда во кое денеска падна девојчето, пред неколку месеци во меѓупросторот од вториот кат падна и возрасен човек, станар во зградат, кој по неколку дена од повредите почина.
02/09/2010 13:41
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |