![]() Кој сака, а кој не сака да учи во училиштата од левата страна на градот
Во прво одделение двете училишта вкупно запишале 85 деца, што е премала бројка и со токлу ученици не можат да формираат ниту по две паралеки во прво одделение. Од училиштатата веќе покренале постапка, во која се бара надлежните да им дозволат да работат со паралелки во кои има помалку ученици од пропишаниот минимум од 25. „Училиштата веќе покранаа постапка за да работат во паралелки со помалку ученици. Јас стварно не знам како тое би продолжиле да работат ако сега таму пристигне инспекција од проветниот инспекторат и затекне токлу малку деца„вели Горан Петров градоначалник на Велес. На левата страна од градот има доволен број на деца за да се пополнат паралелките во овие две училишта. Сепак родителите го користат правото на избот на училиште во кое ќе се школува нивното дете. Директорите на основните училишта од другата страна на градот потврдуваат дека во нивните училишта има ученици кои според местото на живеење треба да се сколуваат во едно од двете посочени училишта , но додаваат дека родителите се тие кои одлучуваат каде ќе учи нивното дете. Проблемот со недостиг на ученици во Основните училиште „ЈХК Џинот" и „Благој Кирков" Општината планираше да го реши преку спојување на двете училишта, кои работат во ист објект,како едно правен субјект. Но Советот таа иницијатива на последната седница ја отфрли. 02/09/2010 12:22
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |