![]() Најдобрите балкански екипи во одбојка на песок на турнир во Велес
Според одбојкарските тренери играњето одбојка на песок ќе им овозможи на спортистите да ги развијат сите елементи и техники во овој спорт. „ Следниот викенд Велес и одбојкарскиот клуб Борец ќе бидат домаќини на првиот меѓунроден турнир во одбојка на песок, со учество на двојки од Албанија, Србија и Косово.На Велес потребен му е еден ваков терен за развој на одбојката", вели Јованче Манасков одбојкарски тренер. Во изминативе неколку денови одбојкарското игралиште е скористено до максимум. Овде се спортува од девет часот наутро, па се до 23 навечер. Теренот е изработен по димензии пропишани од светската федерација, со одличен квалитет и дренажа ,со што дополнително ќе се придонесе за поквалитени настапи на екипите. Игрелиштето е дел од напорите на општина Велес за развој на нови спортски дисциплини.. „Досега игралиште за одбојка на песок имаше само на брегот на езерото Младост и лицата кои го сакаат овој спорт беа принудени да прават големи трошоци за да одиграат паркот кој сега има многу содржини", вели Горан Петров градоначалник на Велес. Наофицијална промоција на новиот спортски терен имаше изминатиот викенд, со одигрување на турнир. За љубителите на одбојката тоа е лоцирано до спортската сала Гемиџии, на некогашното кошаркарско игралиште. 01/09/2010 15:10
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |