Започна школската година

Училишното ѕвоно го означи почетокот на новата учебна година. Вообичаено, како секогаш највозбудени беа првачињата кои за прв пат седнаа во училишните клупи.

На првиот ден од учебната година, нив ги пречекаа наставниците кои им го прочитаа распоредот, и им посакаа одличен успех во сите години од нивното школување кое ќе трае најмалку 13 години.

„Дечиња прво сакам да ви посакам добредојде во оваа училница која во иднина ќе биде вашиот втор дом, но и да ви посакам успех во учењето и многу среќни и радосни мигови", рече наставничката Славица Лефкова.

Основните училишта од Велес подготвени за стартот на новата учебна година. Објектите и наставничкиот надат во полна кондиција ги дочекаа учениците.

„Нашето училиште целосно е подготвено за стартот на годината. Направивме неколку реконструкции на објектите и веќе ги добивме учебниците со што ги исполнивме� условите за добар почеток", рече �Вера Жабева директор на ООУ „Блаже Конески".

„Па секако дека сме подготвени за стартот. Училиштето го дотеравме за првиот ден и секако мораме да истакнеме дека сме многу задоволни од бројката на ученици во прво одделение", рече �Асен Прличков директор на ООУ „Васил Главинов".

Во прво одделени во велешките училиште денеска за прв пат отидоа 539 првачиња. Таа бројка е за пет проценти помала од минатогодишната.

„За жал продолжува трендот на намалување на бројот на ученици кои се запишуваат во прво одделение. Јас искрено се надевам дека во иднина тоа ќе се промени и ќе имаме повеќе деца", рече �Горан Петров градоначалник на Велес.

Првиот училиштен ден помина за повеќето ученици во запознавање на наставниците и новите другарчиња. Од утре тие активно ќе се вклучат во наставниот процес.

01/09/2010 11:57
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Поуки од разликите Сета убавина на нашиот мултикултурализам знае да биде доведена под сомнеж заради неколку воспалени глави или заради неколку нереализирани политичари.
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.07][12]