Промовирана стихозбирката „Борци низ прозорци“

Во ликовниот салон во Велес во рамките на манифестацијата „Топол културен бран", финансиран од Министерство за култура и Општина Велес, беше промовирана најновата стихозбирка „Борци низ прозорци" од     Васил Божикалиев.

Пред љубителите на пишаниот збор младиот и талентиран Божикалиев се претстави со триесетина песни исполнети со искреност и емоции.

„ Читајќи ги песните на Васил,кои се толку искрени,нежни и исполнети со  тага и радост ме оставија за момент да ѕирнам со еден здив низ прозорецот на неговата душа.Неговиот младешки и борбен дух кон простите човечки души,кон пустото око ненаситно и незадоволно успеа да го преточи во своите песни од кои можеме ние јасно да го препознаеме", рече промоторот  на стихозбирката писателот Илија  Петрушевски.

Песните од „Борци низ прозорци" во  Божикалиев се присутни уште од детството. Тој преку нив  на виделина открива еден емотивен свет на еден млад човек кој го сака животот,љубовта и се она што е присутно околу него. Ако во првата стихозбирка „Каменолом во мене" беше присутно неговото наивно детство во стихозбирката „Борци низ прозорци" открива еден свет полн со емоции и тага но, и еден свет кој тој го сака. Божикалиев во своите песни  допира  до недопреното, до највозвишенотот и најчистото.

Членови на литературниот клуб од Гимназијата „Кочо Рацин" читаа песни од збирката „Борци низ прозорци" , а беше изведен и  поетско-музички перформанс на кој настапија уметници од Велес. Со промоцијата на најновото поетско остварување на Васил Божикалиев , успешно завршија трите културни настани од манифестацијата „Топол културен бран" што го финансира Министерството за култура.

31/08/2010 16:44
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][22]