![]() За еден час се скратува работното време на угостителските објекти
Во деновите за викенд петок и сабота, спроти празнични и во празнични денови ќе можат да работат уште еден час повеќе. Според законот за угостителска дејност ноќните барови и кабареа можат да работат од 20 до 4 часот по полноќ, а во викенд и за време на празник до 5 часот наутро. Работното време на отворените и затворени диско клубови ќе биде од 19 до 4 часот по полноќ, а во викенд и за време на празник, работното време можат да го продолжат до 6 часот наредниот ден. Сендичарниците пак можат да работат до 1 часот по полноќ во зимскиот период. Од први септември се скратува и времето за продажба на алкохолни пијалоци во трговската мрежа. Наместо до 21 часот, од утре во 19 часот ќе се стави клуч на витрините со алкохолни пијалоци. Државниот пазарен инспекторат најавува дека ќе ги засили контролите во врска со почитувањето на работното време на угостителските објекти. 31/08/2010 12:35
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |