Готвачите од полскиот град Краков успеаја да влезат во Гинисовата книга на рекорди и тоа со италијанското национално јадење - тие направиле пица долга повеќе од еден километар.
Двеста готвачи цели 18 часови го подготвувале тестото и состојките: 3,5 тони брашно, два тона кашкавал, 1,5 тони кечап и половина тон печурки и пченка.
Претставникот на Гинисовата книга на рекорди потврдил дека краковската пица, долга еден километар, 10 метри и 28 сантиметри, е два пати подолга од досегашниот италијански рекордер.
Насобраните жители на Краков добиле 25 илјади парчиња пица што ги поделиле готвачите откако рекордот бил потврден.
Copyright 2010 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со makfax.