![]() Се празнува еден од најголемите христијански празници Успение на Пресвета Богородица
Родилката на спасителот Исус Христос, велат свештениците, го завзема второто место во историјата на човекот. Таа е мостот меѓу небото и земјата. Со нејзиното доаѓање на земјата се сменил односот на човек кон човека, на човекот кон Бога, започнала ера на почитување на жената. На денешен ден кога се случил настанот се слушнал силен ветер во собата каде што живеела Богородица заедно со Свети Јован Богослов, а тоа било доаѓање на Светиот дух и земање на душата на Пресвета Богородица. Црквата има свое канонско толкување на овој празник ... меѓу народот луѓето ја слават бидејки имаат уверувања дека им помага на родилките ... симболизира неплашење од смртта, бидејки преку воскрснувањето имаме премин на еден живот во друг ... Историјски сето започнува кога неверниот Тома доаѓа на гробот на Богородица, за да се помоли, бидејки многу ја сакал, барал од чуварите на гробот да го тргнат тешкиот камен од гробот ... по услишувањето на желбата, Тома видел дека во гробот го нема телото на Богородица, кое воскреснало ... за што Тома дознава од ангелскиот глас ... Симболиката на големиот празник, според црквата, е да не се плашиме од смртта, таа е само еден премин од еден живот во друг. Скоро секој трет храм во Македонија го носи името на Пресвета Богородица. 28/08/2010 14:25
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |