![]() Граѓаните да бидат свесни и да одат на лекар
Здружението на приватни лекари смета дека најголем проблем е намањато на свест кај населението за редовно да прават прегледи и контроли. Докорите сметаат дека Министерството за здравство треба да започне капмањи за превентивно делување. „Ние имаме сега ситуација кога жена 18 години не посетила гинеколог или пак маж повозрасен од 45 години да не бил на преглед на простатата. Тое е нешто што повеќе не смееме да си го допуштаме„вели д-р Лили Чолакова - Дервишова претседател на Здружение на приватни лекари на Македонија. Во приватното здравство вклучени се педијатри ,гинеколози и матичните лекари. Според сегашниот начин на плаќање ,Фондот за здравство им трансферира 70 проценти од средствата за лекување и 30 проценти за превенција. Здружението предлага плаќањето да биде стимулативно и да се наградуваат лекарите кои работат подобро. „Мора да се воведат некои стимулации. Да се награди докторот кој во изминатиот период добро работел и извршувал квалитетни превенции ,а не сите да добиваат исто пари од Фондот„вели Чолакова - Дервишова. Пред кретко време Министерот за здравство Бујар Османи ги критикуваше приватните лекари поради лошото ниво на превенција која им ја пружале на пациентите. 27/08/2010 15:51
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |