Болницата во Велес се реконструира

Почна реконструкцијата на велешката болница. Веќе пет дена се одвиваат градежните работи.

Се реконструира хируршкото одделение каде е сместена трауматологија, ортопедија и урологија.

По девет месеци кога ќе завршат градежните работи и на интерното одделение, покривот и комплетниот санитарен чвор, велешани ќе добијат модерна болница со современ рентген апарат, томограф и други апарати неопходни за подобрување на болничките услуги.

„Велешката болница ќе добие шеснаесетслајсен томограф Идејата е да направиме модерни болници . Се разбира дека модернизацијата не значи само реконструкција и опрема туку значи и порадикални мерки со цел да се создаде пофункционален систем, но мора да се бориме на сите фронтови. Со завршување на реконструкцијата и доаѓање на опремата имаме и барање за вработување на нови доктори, рече Бујар Османи",министер за здравство.

„Во најскоро време очекуваме да пристигне апаратот за томогрфија. Наша обврска е за кратко време да го адаптираме просторот и на тој начин ќе добиеме многу на дијагностиката и терапијата на пациентите, рече др.Ванчо Граматов, директор на Општа болница Велес.

Реконструкцијата на болницата е дел од Владиниот проект за модернизација на здравствениот систем. За градежните работи ќе се потрошат 600 илјади евра додека за опрема Владата ќе издвои еден милион евра. И додека трае реконструкцијата од велешката болница велат дека пациентите и понатаму ќе ги добиваат сите здравствени услуги. 

Ова е првата фаза од реконструкцијата која изведувачот мора да ја заврши за девет месеци. Во спротивно ќе добие казнени пенали. Во втората фаза ќе се реновира  физикалното одделение и трансфузиологија.

27/08/2010 15:38
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][34]