![]() Притвор за таткото осомничен за злоставување и семејно насилство
Нему ќе му се суди за злоставување врз сопствените три малолетни керки и физичко малтретирање на сопругата. 41 годишниот велешанец останал на својот исказ дека е невин, иако и изјавите на децата и лекарскиот наод говорат спротивно. Велешани се згрозени. Идентитетот иако неоткриен насилникот сепак се разоткри. Според оние кои го познаваат тој бил мирен човек кој постојано бил во придружба на своите керки. Токму такви се насилниците велат социолозите, навидум грижлови родители но во стварност монструми, кои постојано се со жртвите плашејки се тие да не проговорат. Невозможно е мајката да непримети што им се случувало на децата. Токму тука , велат социолозите е нејзината одговорност. Токму затоа децата повеќе не се дома. Центарот за социјални работи ги згрижи во соодветна институција.
27/08/2010 11:19
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |