![]() Лицата кои вршат инцест врз деца се личности со пореметена свест
Психологот Асен Прличков вели дека причините кои го натерале таткото да блудничи врз неговите малолетни деца се напознати ,но случајот мора добро да се испита. „Статистики гледано тоа се лица со пореметена свест. Најчесто алкохоличари или наркомани кои во секој случај не расудуваат како секој нормален човек„вели М-р Асен Прличков психолог. Експетите тврдат дека овие трауми ќе ги следат децата до крајот на нивниот живот. Анализите покажуваат дека децата на возраст помеѓу детири и пол и седум години најтешко можат да ги заборават негативните случки во нивните животи. Прличков препорачува во училиштатата да се вработат стручни лица кои ќе работат со младите на откривање на ваквите случаи. „Подолго време се апелира во училиштата да се отворат стручни служби кои благовремено ќе откријат било какво пореметување кај децата и веднаш да се реагира по истото„вели Прличков. Според експетрите случаите на семејно насилство се најтешки за откривање бидејки во нив има вклучено емоции ,страв и срам. Поради тоа и жртвите многу ретко се одлучуваат да ги пријават. 26/08/2010 16:04
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |