Лозарите збунети, не знаат што да прават со родот

Велешките лозари  се збунети. Бербата на винските сорти само што не почнала , а тие не ја  знаат  ниту  откупната цената ниту пак  кој ќе им го откупи  родот. А родот годинава е повеќе од добар.

Лозарите очекуваат да наберат  повеќе од 15.000 тони квалитетно винско грозје од 1.700-те хектари. И додека поголемите сопственици  како компаниите М-6,  ЗК „Вардар" од Градско  и други најавуваат дека винското грозје ќе си го преработат во сопствените винарски визби, останатите не знаат што да прават со родот.

Сопствениците на винарските визби како и во изминативе години, пред почетокот на бербата и годинава  молчат и за цената и за откупот на грозјето.  Велат дека поради непродаденото вино од лани  не можат да го откупат грозјето од годинешната реколта.   Новата современа  винарската  визба на Земјоделскиот комбинат  од Градско има капацитет само за грозјето од сопствените плантажи. Од другите винарски визби во Велес, Лозово, Штип па и онаа во Кавадарци  велат дека не само што немаат пари за откуп туку дека имаат и големи залихи на вино па поради тоа неможат да го откупат грозјето од годинашната реколта. .

„Како и лани и оваа година незнам каде да го продадам грозјето. Винарските визби не уценуваат и сакаат родот да ни го земат за мали пари. Верувајте, не ми е платено ланското грозје, а сега незнам што да правам  со годинешново. Лани ни го зедоа,  да речам, без пари, а годинава како ќе биде само Господ знае. Ако не беа субвенциите не ќе можевме ни заштитни средства да купиме", вели  лозар од Велес.

Сопствениците на поранешните лозови плантажи на Агрокомбинатот „Лозар" , како Агро, Мат реклам, и оние што ги купија плантажите кај селата Сопот и Витанци ги вршат последните подготовки за бербата на винските сорти. Најзастапени се  сортите „вранец", „шардоне", „мерлот", „смедеревка" и други .

„Верувам дека Владата нема да дозволи  сопствениците на винарските визби  и годинава да не уценуваат . Тие најавуваат  дека немале место каде да го сместат годинашниот род, а некои од нив бараат килограм „смедеревка" да ни ја откупат за само четири денари. Тоа е повеќе од жално. Половина од минатогодишниот род не ни го платија, а сега бараат и без пари да ни го земат", вели сопственик на лозови насади од Градско.

Проблеми со пласманот на грозјето ќе имаат и помалите производители. Нив ги има  над 850 .  Некои од нив велат  дека доколку винарските визби не го откупат нивниот род, ќе го продадат на купувачи од Косово и Албанија или пак ќе го преработат во ракија.

Владата вчера објави субвенции ќе дибијат оние визби кои ќе откупат грозје онолку колку што откупиле минатата година.

26/08/2010 15:49
Македонија
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
Свет
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mkLisica.mk
ФОТО ВЕСТ
Забава
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk
Lisica.mk Интервју Долгот мора да се плати
ЈКП Дервен апелира навремено подмирување на обврските за да се избегнат дополнителните судски трошоци.
Lisica.mk Од наш агол Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Подлабоките пилинзи со гликолна и ТСА киселина се поефикасни во отстранување на пигментацијата, лузните и брчките, но бараат посебна нега и грижа за кожата пред и после пилингот а несаканите ефекти зависат пред се од соработката и дисциплината на клиентот.
Колумна Колумна
Нови европски првенства,стари навивачки песни ИЗЛЕЗИ МОМЧЕ, ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ, АБРЕ МАКЕДОНЧЕ, СИ ЈА САКАМ МАКЕДОНИЈА АЛЕ,АЛЕ,АЛЕ. . . . . .
Кој е најголемиот изум на човештвото ?

струја

точак

математика

медицина

музика

компјутер

телефон

slika
Lisica.mk
Контакт | Импресум | Маркетинг
Copyright © 2008 Lisica.mk [0.05][24]