![]() Таткото силувач на сопствените ќерки ја згрози велешката јавност
Дека врз девојчињата имало злоставување потврди и лекарскиот преглед во гинеколошкото одделение во велешката болница. Овој грозоморен чин го потврди и СВР Велес. Против четириесет и едно годишниот несовесен родител, чии иницијали полицијата не ги открива, поднесени се две кривични пријави до Основното јавно обвинителство. Се терети за сторено кривично дело Родосквернавење, извршено на три малолетни женски деца на возраст од три до седум години, и семејно насилство врз сопругата. Мајката на децата признала дека нејзиниот сопруг од почетокот на бракот постојано физички и психички ги малтретирал, но досега од срам не собрала храброст да признае. Таа воопшто не се сомневала дека нејзиниот сопруг може да си ги силува своите деца. „Според сознанијата, осомничениот со примена на сила, честопати го извршувал грозоморниот чин, подолг период наназад, во време кога мајката на девојчињата не била дома, рече Анита Стојковска", портпарол на СВР Велес. Во разговор со полицијата таткото ги негирал обвинувањата и дека не ги силувал своите деца, туку дека сопругата сака да го намести и вината да му ја префрли нему. Меѓутоа децата самите признале дека нивниот роден татко го правел тој гнасен чин. Долго време се плашеле да кажат на некого оти таткото им се заканувал. „Во обавените разговори со децата имаме сознанија дека најстарото девојче било сексуално злоставувано од нејзиниот татко уште кога имало една година. Обвинителството дополнително ќе утврдува но факт е дека сите три деца подолго време биле силувани", рече Стојковска. Децата сега живеат со нивната мајка во семејната куќа. Инаку семејството на силувачот живее од социјална помош. Ниту тој ниту неговата сопруга не биле вработени. Покрај трите девојчиња имаат уште едно дете кое има една година. Поради чувствителноста на овој случај и заради заштита на децата, жртви, велешката полиција не даде повеќе детали. Во Центарот за социјални работи во Велес не сакаа да дадат каква било изјава за овој случај. Директорката само рече дека досега случајот кај нив не бил пријавен. Покрај кривичната за силување на сопствените деца, несовесниот родител заработи и кривична пријава за телесна повреда, извршена врз неговата 38 годишна сопруга. 26/08/2010 15:37
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |