![]() Велешани згрозени од чинoт на својот сограѓанин
Додека полицијата утврдува кој ја говори вистината велешани со осуда за грозоморниот чин. „Не знам ова е нешто страшно, мислам дека би требало да се казни со најстрога казна. Жално е што ова му се случува на Велес. Тоа може да го направи некој дрогираш, манијак или пијаница". „Најстрого го осудувам овој чин и верувам дека институциите на системот ќе изнајдат максимална казна што може да ги спречи понатамошните вакви постапки од страна на родителите но и други луѓе", велат анкетираните граѓани. Некој го сторил делото. Децата се злоставувани, тие имаат психолошки трауми. Психолозите велат дека за развој на една здрава личност пресуден е периодот од 4 до 6 година на детето. Во овој случај две од децата во тој перид доживувале страшни трауми. „Во оваа ситуација другиот ропдител треба да делува, треба да се ослободат граѓаните и да ги пријавуваат ваквите случаеви. Да бараат помош од стручни и специјализирани лица", рече м-р Асен Прличков, психолог. Сторителот или сторителите на грозомирниот чин ќе се откријат. Но што да се направи во иднина ваквите случаеви да не се повторат. Ако пред една година велешани се згрозуваат од делото кое го стори богомилчанецот врз својата керка и нејзината другарка , и на 78 годишниот педогил сега се прашуваат што следно може да направи болниот човечки ум. 26/08/2010 11:59
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |