![]() Таткото сексуално си ги злоупотребил сопствените малолетни деца
Toj е на распит во велешката полиција. Таму е и мајката на девојчињата. Таа неофицијално на инспекторите им рекла дека незнаела за сексуалното иживување кое го правел сопругот врз заедничките деца. Засега институциите кои работат на расветлување на случајот молчат. Од полицијата само потврдуваат дека на таков случај се работи, со официјални информации ќе излезат дури утре. Од гинеколошко-акушерското одделение во велешката болница, не откриваат детали за случајот. Лисица неофицијално дознава дека во текот на вчерашниот ден болницата писмено ја известила полицијата дека врз најстарат и средната ќерка е извршен полов напад. Денеска полицијата ваква потврда добила и за најмалото дете. По извршениот распит се очекува полицијата за таткото силувач да побара Судот да изрече мерка притвор. 25/08/2010 17:16
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |