![]() 14 кривични дела во Велес изминатава недела
Во последната надела забележани се седум нарушувања на јавниот ред и мир од кои четири случаи учество во тепачка и три физички напади. Во овој анализиран период на подрачјето на СВР Велес случени се дури десет сообраќајни незгоди од кои седум во населено место и три надвор од населено место. Анализите од извршениот увид на лице место дополнително ќе ги утврдат причините за настанатите незгоди. Во сообраќајните незгоди со телесни повреди се здобиле четири лица. На подрачјето на СВР Велес спроведена е акциска контрола од областа на безбедноста на сообраќајот на патиштата, при што констатирани се четири прекршока. Во текот на измината седмица на градското подрачје реализирани се две контроли во угостителски објекти, каде беше контролирано присуство на малолетници после 24 часот, точење алкохол и пијани лица. Инспекторите извршиле и мерење на нивото на штетната бучава. При контролата, не беа констатирани прекршоци. 25/08/2010 14:54
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |