![]() Оризарец украл две кучиња загари
Тој ноќта на 28 минатиот месец,со својот автомобил отишол во село Џидимирци и се упатил кон куќата на педесет и три годишниот Т.Б. Во дворот начекал три кучиња, најпрво го отрул шарпланинецот кој бил заврзн на сајла, а потоа со алат ги пресекол синџирите со кои биле врзани другите две кучиња и ги зел со себе. Наредниот ден по налог на истражен судија бил извршен претрес во автомобилот на крадецот и во неговиот двор биле забележани неколку кучиња како слободно шетаат. Две од нив биле со слични карактеристики како украдените. Сопственикот на загарите го препознал едното куче и полицијата му го вратила. СВР Велес против И.Р. до основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за сторено кривично дело Тешка кражба. Оризарецот и претходно бил пријавуван за слични кражби и нарушување на јавниот ред и мир, за што одлежувал и затворски казни. 25/08/2010 13:10
Долгот мора да се плати
Несакани ефекти и заштита после извршени хемиски пилинзи
Кој е најголемиот изум на човештвото ?![]() |